По враќањето во сегашноста, Ана се обидува заедно со Паул да ја блокира временската машина. Но, таа ја нема шифрата. Ана ја следи музиката и одненадеж се појавува жената во црвено. Ана е повторно во сегашноста и на Паул му го покажува ’рѓосаниот клуч со кој треба да ја блокираат временската машина. Но, и’ недостасува потребната шифра. Ана се обидува со името на композиторот Дахфег, односно нотите што го сочинуваат неговото име. Во последен момент се појавува жената во црвено и бара да и’ го дадат клучот. Ана го става клучот во временската машина и ја внесува шифрата. Дали жената во црвено ќе успее да го спречи уништувањето на временската машина или наскоро таа, како и машината, ќе стане само дел од историјата?