Момче со мопед ја превезува Ана до улицата „Бернауер“. Тоа е Емре Огур, кој и’ помага и и’ посакува многу среќа во Берлин. Соиграчот на компјутерската игра ја советува Ана да најде превоз до улицата „Бернауер“, оти времето истекува. Младото момче Емре Огур, кој подоцна станува инспектор, ја превезува Ана со мопед. Но, во моментот кога Ана ги среќава Хајдрун и Паул, се појавува и жената во црвено. Паул и Роберт, сопругот на Хајдрун, успеваат да ја избркаат. За тоа време Ана се обидува да ја земе футролата. Но, дали футролата по толку години се’ уште е во скривалиштето?