Џон Изев, еден од основоположниците на Македонската Евангелска Црква во Мелбурн, ги користел своите преведувачки вештини цели 54 години, и како поранешен службеник во банка работеjќи со новопристигнати доселеници, и во пренесувањето на црквените литургии и божјото слово. Господинот Изев е пример на виталната улога што преведувачите ја имале во секојдневниот живот на печалбарите, кои, уште од раните почетоци на создавање нова егзистенција во Австралија, основните потреби за нормален опстанок и духовен живот ги добивале преку преведувачите. Прилогот е подготвен по повод Меѓународниот Ден на Преведувачи - 30 септември.