Уредниците се обидуваат да го истражат значењето на зборот „getürkt“. Освен тоа, посетуваат необично пристаниште, каде секој брод добива посебен поздрав. Во пристаништето Вилком-Хефт бродовите ги поздравуваат со националната химна на земјата, под чие знаме пловат. Во форма на радиодрама Паула и Филип потсетуваат на почетоците на оваа традиција. Со тоа е поврзано можното објаснување за значењето на зборот „getürkt“. За тоа време Ајхан чека во редакцијата и времето го минува читајќи книга за утки. Ајхан и чита на Ојлалија, бидејќи таа не знае да чита. И во оваа епизода повторно станува збор за глаголски префикси. Како се менува значењето на глаголот преку префиксот?